Надиа Бокоди од Австралија, стручњак за врски, на својот Инстаграм поделила статус со кој објснува зошто жените би требало да избегнуваат трајни врски со спротивниот пол.
„Бракот е сексистичка патријархална конструкција која во голема мера им користи на мажите, а жените ги става во неповолна положба“.
Објаснила како оженетите мажи заработуваат повеќе и живеат подолго како резултат на неплатената семејна работа која жените ја работат.
Спротивно од тоа жените кои не се в обрак, заработуваат повеќе, живеат подолго, и покажале повеќе среќа.
Истражувањата покажале дека интелигентите мажи поверојатно ќе се оженат, додека кај жените е обратно.
Исто така се покажало дека жените го удвојуваат своето оптоварување во заедничкиот живот со мажот и превземањето на лавовскиот дел на чувањето на децата, дури и кога работат со полно работно време надвор од дома. Можеби е случајност, вели Надиа, ама според моменталната статистика 70% од разводите ги иницираат жените.
