Исцрпени се сите мерки против Ковид-19, Филипче: „Доколку нема резултати, следен чекор е полициски час“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Исцрпени се сите мерки против Ковид-19 кои здравствените власти планираа да ги спроведат за да се соочат со новиот бран на Ковид-19.

Доколку овие мерки не го дадат посакуваниот резултат, следен чекор е полицискиот час – најави министерот за здравство Венко Филипче.

Целта, како што рече, е да имаме болнички капацитет кои постојано се полнат. Но, министерот Филипче неколку пати повтори дека вториот пакет на мерки ќе го даде посакуваниот резултат само доколку граѓаните ги почитуваат мерките. Изјави дека нови жаришта на вирусот се Скопје, Штип и Струмица.

Вториот пакет со рестриктивни мерки предвидува економските оператори да работат до 23 часот, автобусите да се сообраќаат со 50% капацитет на патници и да се забрани групирањето на граѓаните на отворено.

Но, и овие мерки и мерките од првиот пакет треба да поминат во Собрание. Владата сè уште не предложи законски измени, а тоа се очекува да се случи утре кога Владата ќе го разгледа вториот пакет на рестриктивни мерки. Се предлага носење на маски на отворено и ограничување на бројот на гости во домовите на граѓаните.