Истурено вино на тепих? Еве како најлесно да го исчистите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тврдоглавите дамки од вино на тепихот можат да бидат доста фрустрирачки бидејќи мора да бидете особено внимателни при чистењето. Но, можете успешно да ги отстраните со помош на овие состојки.

Измешајте две чаши топла вода со една кафена лажичка бел оцет и една лажичка детергент. Натопете го сунѓерчето во течноста и истиснете го на дамката. Потоа истријте ја дамката со чиста крпа и исушете ја.

Потоа истурете малку вода директно на дамката или натопете чиста крпа во ладна вода и истиснете ја на тепихот за да се разреди виното. Земете сува крпа и употребете ја за да ја впие водата од тепихот. Повторете ја оваа постапка неколку пати додека дамката целосно не исчезне.

Постојат неколку други начини за чистење на оваа тврдоглава дамка кои можат да ви помогнат. Еден од нив е да се меша детергент со водород пероксид во сооднос 1:2. Почекајте неколку минути да делува и исчистете ја со чиста крпа или сунѓер.

Сода бикарбона исто така може да биде корисна. Измешајте вода и сода бикарбона во однос 3:1 и нанесете на дамката. Потоа покријте ја дамката со чиста крпа и на неа ставете тежок предмет, бидејќи на тој начин сода бикарбоната ќе навлезе подлабоко во тепихот. Оставете така преку ноќ и наутро исчистете ја преостанатата сода бикарбона со правосмукалка.