Денешната ждрепка ја додели репрезентацијата на европскиот првак Италија за противник во полуфиналниот натпревар за пласман на Светското првенство идната година во Катар. Натпреварот се игра на 25/26 март на гостински терен.
Ако Македонија победи, потоа ќе игра со победникот од дуелот Португалија – Турција.
Македонија првпат во својата историја обезбеди бараж за пласман на Светско првенство, откако го освои второто место во групата позади Германија.
