Италија официјално започна историски проект – изградба на мост преку Месинскиот Проток, кој ќе има најдолг распон на висечка суспензија во светот од 3,3 километри. Проектот вреден 10,6 милијарди евра предвидува мост што ќе го поврзува копното со Сицилија и ќе овозможува патен и железнички сообраќај со капацитет до 200 возови дневно и 6.000 возила на час.
Мостот ќе има исклучителни технички карактеристики, вклучувајќи столбови високи 399 метри и отпорност на земјотреси и силни ветрови. Покрај мостот се градат и повеќе од 40 километри дополнителна инфраструктура, вклучувајќи нови патишта, железнички станици и транспортни центри.
Вкупната должина на мостот ќе биде точно 3.666 метри, додека централниот висечки распон ќе биде 3,3 километри, што ќе го направи најдолгиот висечки мост во светот, и треба да го надмине рекордниот во турски Чанаккале во Турција за еден километар.
Мостот ќе биде дизајниран и за патен и за железнички сообраќај.
Мостот, широк приближно 60 метри, ќе содржи три сообраќајни ленти во секоја насока, две железнички пруги и две сервисни ленти, обезбедувајќи брза, сигурна и ефикасна врска помеѓу континентална Италија и Сицилија, дом на околу пет милиони луѓе.
🚨Some more information about yesterday’s bombshell news that the Strait of Messina Bridge will be built and Sicily will no longer be an island…
— Mambo Italiano (@mamboitaliano__) August 7, 2025
Italy 🇮🇹 pic.twitter.com/JDXVgIPW0J
