ИТС нуди решение за отпадот во полошниот регион – вакви проекти има над 300 во Европа од Влада нема одговор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Проблемот со отпадот во полошкиот регион може да се реши за две години, но недостасува политичка волја и сериозен пристап од локалната и централната власт – велат претставници на Интегрити Текнолоџи Системс. ИТС е  албанско –  холандска компанија која покажала интерес за инвестирање во Македонија, посебно во полошкиот регион за изградба на генератор за обработка на отпад, нивно горење и производство на електрична енергија.

Еколозите велат дека вакви проекти се спроведуваат во цела Европа и се најдоброто можно решение. Тие апелираат до властите да имаат сериозен пристап за ваквите проекти.

Истиот проект е спроведен во Елбасан – Албанија, при што Елбасан од најзагадениот град во Албанија, стана најчистиот. За изградба се потребни само 18 месеци работа. Во светот има 1700 вакви фабрики, а над 340 се во Европа. На овој начин со отпадот се произведува електрична енергија и друг профитабилен отпад.