Ивановски: Очекувањата на светот се сведоа на тоа што ќе „твитне“ Трамп

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва во Бизнис21 на ТВ21 дебатираме со тројца соговорници. Славе Ивановски, експерт по енергетика, Дејан Димовски енергетичар од „Инженери на Македонија“ и Виктор Митевски од здружението „ЗМАИ“.

Главна тема беше енергетската криза предизвикана од војната помеѓу САД и Иран, и блокирањето на Ормутскиот теснец.

Славе Ивановски рече дека светот не смее да си дозволи поради параноични испади да се најде во нова економска криза.

„Договор е можен. Не може да си дозволи светот поради параноични изливи да се најде во нова економска криза. Се сведовме на очекувања што ќе твитне Трамп, и тоа ќе биде 40-тиот или 70-тиот твит. и таа неизвесност убива. Но, кризата е голема, и треба да се согласиме со стариот Черчил дека „Добра криза не се пропушта“. Кина ќе добие од оваа криза, а САД нема што да загуби. Едноставно 26 милијарди долари досега се потрошени за нечии каприци, она што ќе биде последица од кризата може да биде распадот на ОПЕК, излегувањето на ОАЕ од ОПЕК кажува дека или ќе треба да се реструктуира, или ќе се распадне. За Македонија е ова што се случува не е невобичаено, ние имавме цена по барел и по 140 долари, и со разумни мерки го надминавме. Претпоставувам дека така ќе биде и сега“, рече Ивановски.