Илија Ивиќ е првиот српски фудбалер кој ќе заигра за репрезентација на Косово. Како играч на Фљамуртари Приштина, тој доби повик од селекторот на Косово, Бернар Шаландес. Игра на позицијата стопер, и претходно одби да настапува за младата репрезентација на Косово.
„Фљамуртари го сметам за свој втор дом. Убаво сум прифатен, и се е како што треба“, рече Ивиќ.
Ивиќ изрази каење што го одби повикот од селекторот за играчи до 19 години, но сега ќе ја прифати поканата.
„Дел од мене се кае, но моментално за мојата кариера е од исклучително значење да бидам репрезентативец“, рече Ивиќ.
