Претседателот на Украина, тој ѓавол кој сега излегува и стои како сирот, излегуваше по медиумите и плачеше за евреите, гледајте што им се случува на евреите и тие живеат во тага. А евреите бомбардираа со авиони, тенкови, тешка артилерија која може да поседува една војска, ги бомбардираа и убиваа децата и невооружените цивили, а тој плачеше за нив.
Со овие зборови имамот Мухарем Исмаили му се обрати на џематот, во врска со војната Украина -Русија. Според имамот, украинскиот претседател Зеленски е ѓавол и злобник бидејќи претходно плачеше за Израелците и сега злото му се враќа во неговата држава.
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, во Клик Плус изјави дека ИВЗ треба да излезе со официјален став со цел да нема простор за манипулирање.
„Го потсетувам нашиот народ, кој е 90 и нешто отсто муслимани, дека главните на масакрот врз либералната сириска опозиција се Путин и Асад. Би било многу добро, верските водачи, раководството на ИВЗ јавно да се произнесе деновиве за да нема простор за злоупотреба на оваа прашање од страна на непријателите на Албанците“, рече Тачи.
ТВ21 побара став од ИВЗ во врска со војната Украина – Русија! Од таму ни одговорија дека вчера Реисул Улема Фетаи имал средба со амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, каде ја изразил неговата загриженост за руската агресија кон Украина и рече дека тоа е официјален став на поглаварот Шафир Фетаи.
„На оваа средба, Реисул Улема му се заблагодари на Амбасадорот за средбата и топлиот прием, а воедно во име на Исламската Верска Заедница изрази голема загриженост за руската агресија врз Украина каде многу луѓе загинаа, и е причинета огромна штета, затоа заедно длабоко ја осудија оваа нечовечка агресија која го загрозува мирот, не само во регионот, туку и во целиот свет. Исто така, првиот човек на ИВЗ го поздрави единството на ЕУ и САД во нивните максимални напори да се запре оваа агресија која го загрозува човечкиот живот“ велат од ИВЗ.
Инаку Тачи во Клик Плус потсети дека рускиот претседател Владимир Путин и наредил на војската која убила муслимани во многу држави.
