ИВЗ обвинува, МВР категорично демантира: „Полицајци вршат притисок врз оџите да нема молитви во џамии“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Преписката меѓу Исламската верска заедница и властите, се претворила во притисок врз оџите од страна на полицијата, тврди ИВЗ.
Наводно оџите се пожалиле дека полицајци вршеле притисок врз оџите во недела да нема бајрамска молитва.

„Раководството на ИВЗ доби известување од наши муфтии и оџи дека полицијата се јавува на наши имами и влијае врз нив да не се клања молитвата за Бајрам, а во други случаи, полицајците влегле и во нашите џамии со цел да им врши притисок. Во врска со овие дејствија на полицијата имаме и писмени изјави на имамите и нашите други верски работници.“, велат од ИВЗ.

Од ИВЗ за дејствијата на полицијата врз имамите, рекоа дека се прави “кршење на основното начело на граѓанската држава што се гради меѓу другото врз почитување на слободите и правата на човекот“.
Овие тврдења на ИЗВ, Министерството за внатрешни работи ги нарекува невистинити и паушални.

„МВР ги демантира како невистинити и паушални тврдењата во реакцијата на ИВЗ во врска со притисокот на полицијата врз претставниците на ова верска заедница во врска со Фитр Бајрам. Полицијата нема надлежности и нема да направи обиди да влијае врз верските претставници во верските објекти, туку својата работа ја основа во законските норми и во Уставот.“, соопштија од МВР.

Според тоа што го изјави Бујар Османи, кој се основа на комуникацијата со МВР, меѓу МВР и ИВЗ немало официјална комуникација за прашањето за кое обвинува ИВЗ.

„Имав контакти со ИВЗ. Тие ме информираа за таквите јавувања или телефонирања од полицијата. Им кажав дека тоа е недозволиво поради тоа што додека нема таква одлука од Владата, некој не може да ги ограничи нивните планирања. Во комуникација со МВР ми рекоа дека тие немале официјална комуникација или закани и официјална опомена, така да можеби има некакво недоразбирање во овој правец.“, изјави Османи.

Побаравме став и од Вила Водно. За тв21 од таму велат верските лидери да се повикаат на одговорно однесување на граѓаните за време на празниците и да го осудат секое однесување спротивно мерките пропишани од државните органи.

„Претседателот смета дека верските лидери треба да повикаат на одговорно однесување на граѓаните за време на верските празници, како и да го осудат секое однесување спротивно на мерките пропишани од државните органи. Една од клучните работи што ни ги покажа пандемијата со КОВИД-19 е дека без разлика на која заедница припаѓаме, сите еднакво сме под ударот на корона-вирусот и затоа е потребно сите да бидеме одговорни, солидарни и заеднички да го заштитиме здравјето на сите граѓани.“, велат од кабинетот на Пендаровски.

Судирите со ИВЗ беа постојано но се интензивираа откако Комисијата за заразни болести предложи во текот на викендот, кога се слави Фитр Бајрам, да има продолжен полициски час. Реакции и критики кон ИВЗ имаше и кога донесе одлука за отворање на џамиите за верниците и кога ги објавија мерките за тоа како да се клања Фитр Бајрам.