Тргнале по невестата, но свадбарите Албанци биле пресретнати од навивачката група Комити во населбата Ѓорче Петров. Навивачите гледале кон нив и извикувале користејќи говор на омраза кон Албанците.
Откако свадбарите слегле од автомобилите, навивачката група се растурила. Не се знае каков е епилогот од овој случај бидејќи се уште се работи на негово расчистување. Идентификувани се 16 лица а се бараат и другите, додека МВР вели дека ќе бидат поднесени кривични пријави за сторителите на кривичното дело.
Вакви извици имаше и пред неколку дена во Скопје. И за овој случај МВР вети дека ќе има кривични пријави. Оваа прес конференција на МВР беше закажана за две акции во Куманово за фаќање мигранти и во Кичево, против дрога.
Но од таму уверуваат дека со овие акции нема да биде фрлена сенка врз случајот за употреба на говор на омраза.
