Избегната голема трагедија во Матејче – се запалила плинска боца во викендичка, шест лица завршија во болница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е викендичката која изгоре вчера во селото Матејче, Липково. Шесттемина млади кои дошле овде да ја минат ноќта тука, завршиле со изгореници. Според жителите, боцата не експлодирала туку се запалила од засега непознати причини. Жителите велат дека младите ја употребиле плинската боца за да го осветлат внатрешниот дел од викендицата. По пожарот, младите ги повикале нивните блиски на помош кои со свои автомобили ги однеле во болницата во Липково.

„Се наоѓаме во селото Матејче, зад мене е викендичката која синоќа се запали од плинска боца, додека внатре се наоѓале 6 млади кои дошле да уживаат во планината“, истакна репортерката на ТВ21.

Од МВР велат дека се уште немаат информации за причината за експлозијата на абоцата.

Во меѓувреме екипите на обвинителството во текот на денешниот ден извршиле увид за тоа како дошло до несреќата. Најмладиот од нив има 27 години а највозрасниот 44. Поради тешките телесни повреди, од болницата во Липково се испратени во Скопје. Според официјални информации нивната здравствена состојба е стабилна односно тројца од повредените се на интензивна нега на Пластична хирургија,  а тројца на одделот за Хирургија во Градската болница.

„Пациентите имаат изгореници од втор степен. Главно изгореници имаат на телото, рацете и инфламаторни изгореници. Состојбата е стабилна меѓутоа пациентите се уште се под надзор“, велат од одделот за интензивна нега.

Според жителите оваа викендичка ја користеле сите жители од селото и ловџиите за одмор.