Неизгласувањето на завршната сметка до 31 март од Советот на Тетово, уште еднаш ќе ја однесе општината на предвремени избори за општински совет. Вака е предвидено во Законот за локална самоуправа. Во Член 75 се објаснети и условите за распуштање на советот:
ЧЛЕН 75 ОД ЗАКОН ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
-Советот се распушта ако не го донесе буџетот и годишната сметка на буџетот до 31 март во тековната година.
Но, што мислат граѓаните на Тетово за ова? Оние што ги анкетиравме денеска рекоа дека иако се изморени од избори, сепак треба да се изнајде решение.
-Навистина сме изморени. Речиси секоја година има избори. Ова не е во ред. Треба некој да одговара за тоа.
-Јас мислам дека треба да има. А што мисли другиот дел од популацијата, не знам.
-Дали сте изморени од избори?
-Изморени сме, но никако не можеме да најдеме праведен човек.
-Нема потреба. Овие што влегоа, шест месеци не ја завршија основната работа. Веќе 5 години не поместија една гипс плочка, четири шрафови, одете и видете, залудно е. Овие прават штета, а не работа. Ова е реалноста, нема потреба од совет.
-Неопходно е, велат граѓаните.
Во Македонија во октомври се одржаа локални избори, а мнозинството на Општинскиот совет на Тетово го формираа три политички партии и една граѓанска иницијатива.
Недонесувањето на годишната сметка на буџетот, како што се чини ќе ја однесе општината на нови предвремени избори за совет. Согласно законот, изборите треба да се одржат по 6 месеци, односно во октомври.
