Сѐ уште неизвесно како ќе гласаат околу 40 илјади граѓани чии лични карти се истечени. Поради блокадата на новиот закон, тие не можат да добијат нови лични документи. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека државата си поигрува со интелигенцијата на народот и дека ова е неприфатливо.
Но, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска уверува дека Владата се обидува да изнајде решение:
Според премиерот Заев, причината за блокадата на Законот за лични карти се илјадниците амандмани што ги поднесе Беса.
Со оглед на тоа дека во октомври има избори, премиерот Заев рече дека ќе предложи да се изнајде решение да се гласа со истечени лични карти или пак, на друг начин.
Инаку, Кузеска уверува дека Владата во соработка со Македонската банкарска асоцијација изнашла решение овие граѓани да можат да ги подигаат своите пари и со истечени лични карти.
