Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека изградбата на дата-центри во земјава нема да прави на штета на животната средина и нема да се дозволат негативни влијанија врз природата, водата или воздухот. Тој рече дека се разгледува можноста овие центри да бидат поставени во технолошко-индустриски зони, во простори каде веќе постојат објекти и фабрики.
Андоновски нагласи дека секоја инвестиција ќе мора да ги помине процедурите за оценка на влијанието врз животната средина, гарантирајќи дека еколошките стандарди нема да бидат компромитирани.
„Во консултација со сите релевантни експерти од областа на ИТ, машинството и индустријата, нема ниту едно лице кое е против изградбата на дата-центар. Прашањето е големината и начинот на кој тоа ќе влијае врз животната средина, но нема да преземеме ниту еден чекор што би значел злоупотреба на животната средина или со добивање придобивки од дата-центарот да ги загрозиме водата, животната средина, воздухот, почвата и така натаму. Се размислува дата-центрите да бидат поставени во индустриски зони, во технолошко-развојни зони, како и на места каде веќе постојат фабрики, односно во инвестиции „brownfield“, вели Андоновски.
