Изборите во РСМ посебни по многу нешта – протокол против Ковид-19, но без резултати на изборниот ден

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заврши изборниот процес кој траеше три дена, но сепак, прелиминарните резултати не беа објавени по затворањето на гласачките места, како што беше пракса досега. Наместо прелиминарните резултати, беше информирано дека врз веб-страницата на Државната изборна комисија бил извршен хакерски напад.

ДИК пред медиуми излезе уште во раните утрински часови, но ги објави обработените резултати од само 3402, од вкупно 3480 гласачки места. По ова, веб-страницата повторно беше вратена во функција, но не со исти бројки. ДИК ниту ги потврдува, ниту ги негира податоците, велејќи дека се разгледуваат записниците. Целата ова мешаница стана мета на критики од политичките партии. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека веб-страницата била блокирана со цел да се  манипулира со изборниот резултат.

Реагираше и техничкиот премиер во заминување, Оливер Спасовски, кој изборниот процес го оцени како коректен и демократски. Тој упати благодарност до Комисијата за заразни болести и граѓаните што го почитуваа Протоколот за заштита од вирусот Ковид-19, но додаде дека очекува во овој процес да придонесе и ДИК.

Изборниот процес го коментираа и меѓународните набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР. Велат дека го набљудувале целиот процес, но дека во финалниот извештај ќе ја вметнат и фазата на обработка и објавување на резултатите.  

Инаку, резултатите од сите претходни изборни процеси беа објавувани четири часа по затворањето на гласачките места. Она по што би можеле да се издвојат овие, од сите претходни избори е тоа што резултатите се објавија со доцнење, гласањето траеше 3 дена, а гласачките места не беа затворени во 19, туку во 21 часот. Вчерашниот гласачки процес се одржаа со посебен Протокол поради пандемијата на Ковид-19.