Борис Стојменов: Општина Центар ми бара 1 милион евра мито, екс-министерот се скара со полицајците кои ги бркаа градежните работници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полициски службеници во центарот на Скопје избркаa градежни работници од објект за кои велат дека нема дозвола за градба.

Присутен беше и сопственикот Борис Стоjменов кој се скара со полицијата.

Тој за ТВ21 посочи дека хотелот има документи, а обвини и дека му бараат мито од еден милион евра за да можат да продолжат со работа.

„Четири години со платени комуналии, платено се, не може да градиме затоа што бараат милион евра мито. Не им давам мито“, порача Стојменов.

Имено, Стојменов е поранешен министер за финансии (28 ноември 1998 – 27 декември 1999) во Владата на Љубчо Георгиевски.

По ова на Фејсбук се јави и градоначалникот Богдановиќ кој вели дека инвеститорот самоволно ја отстранил лентата и знакот и продолжил со градба, по што дошло до денешната интервенција со помош на полицијата.

Денеска овластен градежен инспектор на Општина Центар, заедно со раководителот на Сектор за инспекциски работи во…

Gepostet von Саша Богдановиќ am Samstag, 25. Juli 2020