Изгласан буџетот на Општина Тетово, советниците на ДУИ и покрај тоа што гласаа за, излегоа со критики

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со 27 гласа ЗА беше изгласан буџетот на општина Тетово. Буџетот овој пат го изгласаа и советниците од редовите на ДУИ, додека според раководителот на секторот за финансии на општината буџетот за годинава е 49,3 милиони евра заедно со финансиската помош што ја дава Владата од унгарскиот заем. Но, иако самиот градоначалник на општина Тетово најави дека општина Тетово за годинава има планирано 40 илјади евра за албанската академија, во овој буџет воопшто не се планирани средства за таа намена, туку само 50 илјади евра, пари со кои ќе дадат за културни активности и спорт.

„Буџетот за 2025 година ќе биде развоен буџет, што е највисокиот буџет што некогаш го изгласал советот на општина Тетово, а ако на овој буџет се додадат и проектите кои се очекува да бидат одобрени од Владата за 2025 година, т.н. унгарскиот заем, вкупниот буџет ќе биде 49,3 милиони евра. Општина Тетово за капитални инвестиции издвои 16,3 милиони евра. За 2025 година се предвидени повеќе од 50.000 евра за спорт и култура, но не е прецизирано за што ќе се делат истите“, вели Нуредин Деари од финансискиот сектор.

Советниците на ДУИ, иако гласаа за буџетот, излегоа со соопштение во кое ја обвинија општина Тетово за злоупотреба и нереализирање на проектите што беа ветени.

„Прашања за дискусија и сомнежите за корупција во секторот урбанизам за селективно давање одобренија за градба. Ова е јавна тајна за која се зборува во секој агол на Тетово. Ветувањата кои беа дадени за жичарата во Попова Шапка, изградбата на подземни и надземни паркинзи, промената и реконструкцијата на центарот на градот, изградбата на градскиот стадион, продолжувањето на патот Благоја Тоска, изградбата на 4 базени, 4 нови училишта не беа исполнети и ни во овој буџет не се планирани за реализација.“, велат од ДУИ – Тетово.

Инаку, општина Тетово од унгарскиот заем ќе треба да добие 11,5 милиони евра. Касами најави ново средно училиште, нова водоводна мрежа како и изградба на неколку патишта и канализација.