Министерот за транспорт Александар Николоски, денеска на „Фејсбук“ објави фотографија од изградбата на т.н. Галерија, со која се спречува свлечиште на автопатот Охрид – Кичево. Тој најави дека вакви галерии на оваа делница ќе има 14.
„Во изминатиот период на автопатот Охрид-Кичево на новите свлечишта се извршија дополнителни геоистражни работи врз основа на кои се изработија основни проекти за стабилизација на 14 свлечишта, во вид на т.н. Галерија.
Галериите се исклучително комплициран инженерски потфат со кој се решава проблемот со свлечиштата на автопатот Охрид – Кичево“, напиша Николоски.
