Изгубил контрола и со возилото излетал од патот во Прилеп – две лица повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 05.06.2021 во 15.55 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.,,Карпалак“ во Прилеп, М.К.(38) од с.Куклиш, струмичко, управувајќи патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Во незгодата, сопатникот В.М.(31) од с.Куклиш се здобил со тешки телссни повреди, а сопатникот С.Џ.(45) од Прилеп се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп. 

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.