Излезе од затвор напаѓачот на Шекеринска во Собранието

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Панче Ангелов, лицето кое ја нападна Радмила Шекеринска во нередите во Собранието на 27. април, денеска излезе од затвор после две години и 9 месеци.

Ангелов беше осуден на четиригодишна казна, но доби амнестија на 30% од казната.

Според обвинението, Ангелов на 27 април влегол во Собранието, се упатил во прес салата каде најпрво му се заканувал на Зоран Зав, а потоа ја нападнал Шекеринска кубејќи ја за коса, а фрлал шишиња кон другите пратеници.