Изминатата година на поширокото тетовско подрачје 617 сообраќајни несреќи – 167 помалку во споредба со претходната година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во текот на минатата, 2020 година, на поширокото тетовско подрачје вкупно регистрирани се 617 сообраќајни несреќи или 167 помалку во споредба со претходната 2019 година.Значително помал е и бројот на „сообраќајки“ со тешко повредени (34) и со телесно повредените лица (265), додека бројот на загинатите е ист-8, а повеќе од половина од несреќите (310) завршиле само со причинета материјална штета.

Најголемиот број од ланските несреќи (439) се случиле во населено место и 178 несреќи се евидентирани на отворен пат.

Најчести причини за несреќите и пред се за оние со посериозни последици се: неприлагодена брзина според условите на патот (175 несреќи), неправилно вршење на дејствие (126) и недавање предност (18).

Во овој период регистрирани се 37 излетувања од коловоз на возачи и 56 несреќи предизвикани од животни, претежно од кучиња-безодмници, најмногу на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје.

Кога станува збор за минатогодишната безбедност во сообраќајот на тетовското подрачје, најкритичен ден бил петок со 110 несреќи, а најризичен период во денот -од 16 до 18 часот.