Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес негираа дека нивни членови пукале врз палестински цивили во Газа во или во близина на точката за дистрибуција на хуманитарна помош во Рафа, наведувајќи дека предупредувачки истрели биле испукани на околу еден километар од таа точка.
Властите во Газа, предводени од палестинското милитантно движење Хамас, претходно објавија дека 31 лице е убиено, а десетици се ранети од израелски оган во областа на местото за дистрибуција на хуманитарна помош во Рафа, на југот од Појасот Газа.
Во соопштението, Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги осудуваат „лажните извештаи… вклучувајќи ги и сериозните обвинувања против ИДФ“, објави „Тајмс оф Израел“.
