Израел ги враќа своите граѓани од странство и забрани Израелци да ја напуштат земјата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска авиони со израелски државјани заглавени во странство поради конфликтот со Иран полетаа од Кипар за Израел, потврдија извори од аеродромот и веб-страница за следење на летови.

Израелскиот воздушен простор е затворен од петокот, кога двете земји почнаа да разменуваат напади, оставајќи десетици илјади луѓе без закажани летови до Тел Авив.

Израел вчера најави специјални летови за враќање на своите граѓани.

Од друга страна, земјата забрани излез на свои граѓани од територијата со авионот, наведувајќи ги безбедносните причини после ескалацијата на непријателството со Иран.

Според израелскиот весник „Хаарец“, владата им наредила на домашните авиокомпании да не им дозволуваат на израелските граѓани да се качуваат на појдовни летови, бидејќи расте стравот од можни ирански одмазднички напади врз израелските аеродроми.

Аеродромот Бен Гурион, главниот меѓународен аеродром во Израел, е затворен „до понатамошно известување“. Како што пишува „Мидл Ист Монитор“ , оваа одлука наводно произлегла од загриженоста на безбедносните службеници за ризикот од пренатрупаност и можни масовни жртви во случај на ирански напад врз аеродромите.