Израел повторно го нападна Техеран: Иран возврати со нов бран балистички ракети

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Снимките покажуваат огромни облаци од чад како се издигаат над делови од иранската престолнина каде што се пријавени бројни израелски напади. Според информациите кои ги соопшти војската, меѓудругото бомбардирани се и шест ирански аеродроми со воени авиони. Нападнати се и позиции на иранската револуционерна гарда. Нема извештаи за жртви.

Нападите доаѓаат откако претходно беа лансирани ирански ракети и беспилотни летала кон Израел, погодувајќи најмалку четири области. Балистичка ракета падна покрај фрекфентен пат во градот Ашдот.

Новите напади на двете страни доаѓаат откако САД со авиони Б-2 Спирит бомбардираа три нуклеарни постројки во Иран. Засега нема информации за обемот на штетите, ниту за евентуална радијација.
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН изјави во изјави дека се уште не се знае точната штета врз постројката Фордо, но вели очекуваат таа да биде значителна.

Кратерите сега се видливи на локацијата Фордо, главната локација на Иран за збогатување на ураниум на шеесет проценти, што укажува на употреба на муниција што продира во земјата. Ова е во согласност со изјавите од Соединетите Американски Држави. Во овој момент, никој, вклучително и МААЕ, не е во позиција целосно да ја процени подземната штета во Фордо. Со оглед на користениот експлозивен товар и екстремно чувствителната природа на центрифугите на вибрации, се очекува дека да се случила многу значителна штета, изјави Рафаел Гроси, генерален директор на МААЕ.

Иранскиот парламент разгледува закон за суспендирање на соработката на Техеран со Меѓународната агенција за атомска енергија, како и напуштање на преговорите за нуклеарната програма, објавија иранските државни медиуми.