Поранешниот директор на Кардиохирургија, Сашко Јовев, кој вчера беше во емисијата Клик Плус на ТВ21 изјави дека го погодил разрешувањето од функцијата директор.
Откако го разреши, министерот за здравство, Фатмир Меџити го покани професорот да биде негов советник во кабинетот. Јовев не даде точен одговор дали ја одбил поканата, но истакна дека на министерот му рекол дека тој и припаѓа на клиниката која ја создал.
Министерот Меџити и професорот Јовев вчера заедно пиеле кафе, но тоа не значи дека Меџити се откажал од неговата одлука.
Професорот Јовев беше разрешен поради дежурствата, но тој не е единствениот, Меџити извести дека разрешени се и 20 други директори, а додаде дека ќе продолжи да ги разреши сите директори кои направиле злоупотреби или не се продуктивни.
