Ја загуби битката со тешката болест: Почина познатиот охриѓанец Тачо

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Трајан Целески – Тачо, познатиот охриѓанец и спортист, вчера ја загуби биткат со тешката болест. Тачо повеќе од две години се бореше со тумор на мозокот, му беа направени и три операции.

Охрид и охриѓани сплотени како ретко, покажаа голема емпатија, хуманост и солидарност преку бројни хуманитарни акции и настани кои беа организирани за поддршка на Тачо. Неговата храброст и истрајност, пак, пленеа и инспирираа.

Социјалните мрежи се преполни со пораки на сочувство за смртта на младиот охриѓанец Трајан Целески Тачо.

Фото: Ohridnews