Јадро – Асоцијација и ИМА го започнуваат проектот „Креативна работа, јавна вредност: Застапување за праведни политики во независниот културен сектор“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Јадро – Асоцијација, во партнерство со Институтот за медиуми и аналитика ИМА, започна со реализација на проектот „Креативна работа, јавна вредност: Застапување за праведни политики во независниот културен сектор“, поддржан од Владата на Швајцарија во рамки на проектот „Култура за развој“ спроведуван од Хартефакт Фонд.

Активностите, кои ќе започнат овој месец и ќе траат до средината на 2028 година, се фокусирани на зајакнување на одржливоста, видливоста и демократската улога на независната културна сцена во земјава.

Преку координирани активности на работни групи, истражувања и соработки со институции и со публиката во Скопје, како и децентрализирани настани во неколку општини низ државата, Јадро – Асоцијација во партнерство со ИМА ќе работи на поттикнување на модели на соработка, зајакнување на дијалогот со институциите и развој на културните простори со цел создавање долготрајни рамки на одржливост како и подемократски, поинклузивен и поотпорен културен екосистем.