Јакимовски: 1,6 милијарди евра инвестиции чекаат во општина Карпош, а општината е во долгови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски во летното издание на „Click21“ на ТВ21 рече дека 1,6 милијарди евра инвестиции чекаат во општина Карпош, а општината е во долгови.

„Инфраструктурно во Карпош граѓаните мора да знаат дека нашата сметка беше блокирана со 2,7 милиони евра и во меѓувреме стигна 400-500 илјади евра, значи околу 3 милиони евра или вкупниот долг на општината беше некаде 5,6 милиони евра. Во моментов општината е блокирана со уште 250 илјади евра и вкупниот долг е нешто помалку од 2 милиони евра. Што значи дека сме вратиле околу 3,7 милиони евра“, изјави градоначалникот Јакимовски.

Јакимовски вели дека со домаќинско работење и со штедење успеале да ги вратат долговите.

„Во моментов во Карпош чекаат инвестиции од над 1,6 милијарди евра. Може ли да замислите во таа милијарда колку работни места има, колку работни места ќе одржиме, колку луѓе ќе се вработат. Јас максимално работам во моментов на донесување инвестиции во општина Карпош“, рече Јакимовски.