Array

Јанакиески и Ристовски нападнати во „Шутка“ – цело ВМРО-ДПМНЕ пред болницата „8-ми септември“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски физички биле нападнати во затворот во Шутка. Според првичните информации, нападот се случил за време на прошетката во дворот на затворот. Наводно ги нападнал член од кумановска група, кој исто така е во притвор во „Шутка“.

По нападот, Миле Јанакиески е пренесен во Градската Општа болница „8 Септември“. Доцна синоќа, на барање на Обвинителството, судот им одреди 30 дневен притвор на Јанакиески и Ристовски, кои заедно со Никола Гурвески и Трајко Вељаноски се сомничат како организатори на настаните од 27 април 2017 година.