Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека доколку тој е дел од идното раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема да влезе во белата палата.
„Доколку Митко Јанчев биде дел од идното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и доколку има едно раководство, заедно со идното раководство нема да влезе во белата палата. Пред палатата ќе си дадеме заклетва, ќе си дадеме легитимитет и ќе си бараме просторија каде треба да функционираме“, посочи Јанчев.
Тој откри и дека се преговарало за продажба.
„На Извршен Комитет имав добиено легитимитет да разговарам околу интересот и заинтересираноста на бизнис секторот за купување на штабот или белата палата во делот на нејзина пренамена“, додава Јанчев.
