Јанчев: Во прашање е опстанувањето на ВМРО-ДПМНЕ, потребно е ново раководство, но не по секоја цена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Митко Јанчев беше разрешен од раководните структури на ВМРО-ДПМНЕ, а сега во „Клик Плус“ коментираше за моменталната ситуација на партијата. Тој смета дека на партијата е потребно ново, добро раководство и добар концепт. Смета дека ако партијата продолжи вака, ќе биде доведена на многу ниско ниво.

„Ако направиме анализа, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе видиме каде се наоѓа, и каква деструктивна политика води, треба да се размисли добро што понатаму. И не е во прашање Јанчев или некој друг, туку осптанокот на партијата. Се кажува дека партијата не е ничија сопственост, но во пракса не се покажува така. ВМРО-ДПМНЕ има повеќе циклуси и избори изгубени. За мене е  недозволиво неучествување на избори во Штип, и ако продолжиме така ќе ја спуштиме партијата на ниско ниво, и после било кој лидер може да ја врати“, вели Јанчев и додава:

„Не по секоја цена дека треба да се смени, но треба да се направи добро раководство, добар концепт, да ги цени НАТО стандардите и да ги цени соседските односи“, рече Јанчев.

Јанчев учествува во дебатата на ТВ21 заедно со Максим Димитриевски, градоначалникот на Куманово.