Екс обвинителката Катица Јанева, речиси цело СЈО го предложила да сведочи во нејзина корист за случајот „Рекет“.
Овие информации ги потврди судијката Васка Николовска Масевска која денеска во просториите на Кривичниот суд за прв пат одржа средба со новинари по завршување на судско рочиште.
Од судот велат дека ова ќе биде пракса и во иднина, а иницијативата е на судијката која го води предметот „Рекет“.
Според инфомрациите, Катица Јанева во овој дел од предметот има предложени 13 сведои кои истовремено се и прифатени од судот и ќе треба во иднина да се појават во судница и да сведочат со што би помогнале во одбрана на Катица Јанеца.
Во судница екс-обвинителката Катица Јанева побара судијката да направи преседан и во понатамошната постапка пред јавноста повоторно да бидат емитувани снимките за кои јавноста беше исклучена од рочиштето.
Поврзани вести:
- Јанева: Направете преседан и ве молам пуштете ги снимките пред јавноста
- Боки 13: Нема да бегам пуштете ме од притвор – „Не го најдовме во библиотека, туку на граница да бега“, му возврати Рускоска
- Димишков: Камчеви сакаа да ме искористат, за да биде изземена мојата сестра од предметот
