Директорот на Агенцијата за промоција на туризмот Љупчо Јаневски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека за состојбата во Охрид сите сме виновни.
Тој вели дека тоа е така поради тоа што 30 години се замижува пред нешто.
„За состојбата во Охрид сите сме виновни, целата држава е виновна бидејќи ние сите 30 години замижувавме пред нешто и сите ние одиме во тие ресторани сега и пиеме кафе бидејќи се отворени“, вели Јаневски.
Директорот порачува дека поради тоа што сме правеле 30 години, сега треба да ги наведнеме главите.
„Затоа што листовите доаѓаат, препораките се кажуваат, затоа што извештаите се еден на еден полоши. Ние мораме да го спроведуваме законот ако сакаме нешто да направиме. Мораме да направиме подобри услови за тоа да остане“, додава Јаневски.
