Јанкуловски за социјална помош: Навремено се исплаќа, освен кај мал дел каде што се утврдени мали неправилности

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во емисијата Бизнис21 на ТВ21 изјави дека исплатата на социјалната помош се одвива редовно и навремено за најголемиот дел од корисниците.

Тој појасни дека доцнење има само кај мал број случаи, каде што биле утврдени одредени, како што ги оцени, мали неправилности.

„Преку годините никој не им правел проверка, дел од нив и во странство се работно ангажирани, а од тука плата земаат“, порача Јанкуловски.

Според Јанкуловски, целта е средствата да стигнат до сите кои ги исполнуваат законските услови, без злоупотреби и со целосна транспарентност.