Заменик министерот за енергетика Мирослав Лабудовиќ, вечерва во Бизнис21 на ТВ21 зборуваше за проектот Чебрен и Галиште. Тој рече дека ќе биде потребно многу време да се направи, ќе чини над 1 милијарда евра, но ќе биде трајно наследство за државата.
„Чебрен и Галиште ќе биде македонски бисер во енергетскиот сектор, и со реализација ќе имаме и сриозен резервоар за вода, затоа што ќе биде битка и за питка вода. Предвидено е да се прави седум години, затоа што е мега проект, и ќе биде трајно наследство на оваа држава. Покрај енергетскиот дел тука зборуваме и за развој на туризам и ќе биде сериозен резервоар на вода. Проценетата вредност е околу 1,5 милијарди евра“, рече Лабудовиќ.
