Јанкуловски за затворањето на трезорот: Си работи до 31 декември, информацијата беше од организационен аспект

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменик министерот за финансии, Николче Јанкуловски вечерва во емисијата „Бизнис21“ истакна дека информацијата за затворање на трезорот била од организационен аспект.

Како што кажа, трезорот е отворен и ќе работи непречено до крајот на годината.

„Трезорот, како составен дел од Министерството за финансии, си работи најнормално и ќе работи како и сите институции до 31 декември 2025 година. Информацијата беше од организационен аспект за да до 15 декември ги приложат налозите кои што им се за плаќање, со цел трезорот навремено до крајот на годината ги испланира сите расходни ставки“, порача Јанкуловски.