Националното собрание на Словенија го избра лидерот на Словенечката демократска партија Јанез Јанша за нов премиер со 51 глас за и 36 против.
Дури 51 претаник го поддржаа на тајно гласање, што значи дека за него гласал и еден пратеник од опозицијата.
„Денес е направен важен чекор кон успешна и слободна Слвоенија. Ви благодарам, и нема откажување“, изјави Јанша.
Поддршката за кандидатот за мандат ја објавија пред гласањето претставници на СДС, НСи, СЛС и тројката „Фокус“, Демократите и претставниците на Ресница, вкупно 48. Се претпоставува дека го поддржале и двајца претставници на националните малцинства. Сепак, идентитетот на 51-от претставник кој го поддржа Јанша останува непознат. Јасно е само дека може да станува збор само за претставник од опозицијата.
