Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, обвини дека Зоран Заев е вмешан и во меѓународен криминал. Според него зад оваа бизнис врска со Заев стои и поранешниот премиер на Малта, Јозеф Мускат, кој замина од власт поради контроверзиите со убиството на новинарка на Малта.
Јанушев истотака изјави дека исти сомнежи постојат и за необјавената средба со Биг Мајк по која следеше скандалозниот предлог закон за опојни дроги, така е и со оваа средба со либискиот бизнисмен Шаукар Али Гафур“.
Од друга страна не остануваа без реакции од СДСМ. Потпретседателот на партијата Дамјан Манчевски го обвинува цел кабинет на ВМРО-ДПМНЕ во ова преодна влада. Според него тие не покажаа ништо освен неуспешни обиди за блокада и за обнова на режимот.
Но Манчевски не остана со толку. Според него Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи ги навреди жените, јавно му кажуваше на новинар како и за што треба да известува а нејзиниот тим, е составен од лица кои се креатори на проектот Скопје 2014.
Дополнителниот заменик министер, пак за земјоделство, водостопанство и шумарство Цветан Трипуновски, исто како Груевски упадна во простории на негови вработени и јавно ги снимаше и вршеше политички притисоци, рече Манчевски. Освен ова Трипуновски е познат и по тоа што организираше партиски протести, каде што функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ глумеа дека се земјоделци.
Дополнителната заменичка министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочовска во својот тим, исто така, има ангажирано лица блиски на Никола Груевски и Ѓорге Иванов, како и блиски соработници на поранешниот министер Зоран Ставревски кој остави длабоки штети врз македонската економија. Според СДСМ цел месец кадрите на ВМРО-ДПМНЕ се во Владата и не понудија ниту една мерка или препорака за тоа како евентуално институциите да функционираат подобро. А од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека со Заев на власт Македонија се претвора само во „Ел Дорадо“ на сомнителни бизниси и преку јавно приватно партнерство се испумпуваат милиони евра од буџетот.
