Јапонски „Боинг“ принудно слета во руски град

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авионот на „All Nipon Airways“, кој летал од Токио за Франкфурт, денеска принудно слета на аеродромот во Краснојарск, Русија, соопштија од аеродромската служба за ТАС С.

„Станува збор за Боинг 787. Факт дека слетувањето е регистрирано, тоа беше принудно слетување“, рекоа официјалните лица од аеродромот, без да прецизираат колку патници имало во авионот и која е причината за слетувањето.

Во инцидентот нема повредени.