Историјата на јапонскиот хотел Нишијама „Онсен Кејункан“, е долга 1300 години. Хотелот почнал да работи 705 година, и гости прима и понатаму, а низ векови го воделе 52 генерации на една фамилија. Од 2011 година хотелот се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди како најстариот хотел на светот.
Хотелот е сместен во подножјето на планитата Акаиши, а својата врата за посетителите прв пат ја отворил пред 1316 години.
Од своето основање, топла вода хотелот добива од термалниот извор Хакухо, па гостите може да уживаат во топла бања во сосптвената соба, но и во јавните тоалети.
Хотелот е реновиран неколку пати, а последен пат 1997 година, но го задржал традиционалниот изглед и стил, како и јазичната уметност. Бежичен интернет е воведен дури пред две години.
