Фудбалерот од Скопје, Јасир Асани несомнено беше најистакнатата личност во албанските области за 2023 година. На многу настани му беше доделена титулата личност на годината за неговиот придонес во албанската фудбалска репрезентација. Роден и израснат во Скопје, Асани одлично се снајде на теренот за квалификациите за ЕП 2024, како неприкосновен лидер на националниот тим. Асани за ТВ21 вели дека уште од детството сонувал еден ден да го облече црвено-црниот дрес.
„Имав покана и од Македонија и го почитувам тоа многу бидејќи сум роден тука, но секако моја желба од детинство беше да играм за репрезентацијата на Албанија, еден ден да го облечам тој дрес и да ги направам горди сите и на крајот го постигнавме тоа, за втор пат да се квалифицираме за во Германија и сега е ја имаме најтешката работа“, вели Јасир Асани.
Асани беше клучен за успехот на Албанската репрезентација за квалификациите постигнувајќи спектакуларни голови.
„Тоа се најубавите голови што сум ги дал во мојата кариера досега. Можеби ќе постигнам уште голови, но можам да ги издвојам бидејќи се најдобрите кои сум ги постигнал и поради кои Албанија се квалификуваше на ЕП за втор пат“, порача Јасир Асани.
Според ждрепката на Евро 2024 Албанија во јуни ќе се соочи со три многу силни репрезентации како Италија, Шпанија и Хрватска. Но Асани вели дека Албанија не е случајно во таа група и верува дека ќе успеат да ја поминат и групната фаза.
„Затоа сме таму, не е случајно бидејќи е на првото место на групата со Полска и Чешка, да не ја заборавиме и Молдавија“, порача Јасир Асани.
Придонесот на Асани во 2023 година за албанската репрезентација ќе остане како одлично поглавје во историјата на албанскиот фудбал. Асани веќе стана инспирација за новите генерации и достоен амбасадор на албанскиот фудбал.