„Јавачи“ – нов сингл на младата скопска пејачка Андреа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По неколку песни на англиски јазик, Андреа ја изненади публиката со нова песна која овој пат е на македонски јазик.

„Јавачи“ е името на новиот сингл, а истиот е достапен на сите музички онлајн платформи од денеска.

Оваа песна доби и свој видео запис, кој е веќе поставен на нејзиниот официјален YouTube канал.

Андреа вели дека пораката која сака да ја испрати до публиката е дека секој од нас има свој пат и го оди најдобро што може и умее, па така и го носи товарот од своите успеси или неуспеси.

Додава дека сака да пренесе позитивна енергија, а веќе подолго од една година постојано се труди професионално да ја развива нејзината кариера како поп пеjач.

„И јас, како професионален музичар, ги надградувам своите вештини, го развивам мојот талент и интензивно работам на квалитетот на гласот и перформансот. Мојата амбиција да успеам во музичкиот бизнис во светски рамки бара многу откажувања, труд и истрајност. Добивам голема поддршка од најблиските, од друштвото, но и од тимот кој стои зад мене. Македонија е мал пазар, но за мене најважен. Овде е мојата отскочна даска, во срцето. Затоа на македонската публика и подарувам песна на македонски јазик. И нема да биде последна, се разбира“, порача Андреа.

Андреа има 21 година и живее во Скопје, а својата љубов кон музиката се родила при најзиниот прв контакт со госпел, соул и R&B музиката.