Јавна расправа за концептот за основно образование – Петроска: Во фокус е воспитната компонента

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Предлог-концетот за основно образование не го укинува од програма наставниот предмет – историја, а ниту го намалува бројот на наставниците по историја. Тоа се дезинформации и погрешни толкувања, изјави премиерот Зоран Заев на првата јавна расправа во Собрание околу предлог-концепцијата за основно образование. Според него, образовните реформи не се избрзани, туку дури се и задоцнети, бидејќи, како што вели, требало да се случат уште пред 10 години.

По премиерот, на присутните им се обрати и министерката за образование и наука, Мила Царовска. Таа рече дека реформите во образование се неопходни, бидејќи се во интерес на сите деца кои учат од неквалитетни учебници и кои следат несоодветна програма, која, како што уверува, нанесува огромни последици на младите генерации.

Членовите на работната група која го подготвија предлог-концетот, Виолета Петроска-Бешка и Кирил Барбарев, на јавната дебата организирана од Комисијата за образование, наука и спорт, оценија дека со концептот ќе се зголеми квалитетот во образование. Таа извести дека предметот – општествени науки ќе претрпи измени и дека ќе се преименува во – историја и општество.

И додека владините претставници се пофалија со концептот, дел од универзитетските професори упатија критики за избрзаниот и нетранспарентниот начин на изготовка на концептот, без консултација на научната фела, наставниците и училишните одбори.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги критикуваше говорите на премиерот и министерката Царовски, истакнувајќи дека на професорите треба да им се остави простор за дебата. Од партијата „Левица“ велат дека станува збор за закон со само 6 члена, кој ќе ги вовлече граѓаните во долг од 21.5 милиони евра. И албанската опозиција низ критики праша – кој ѝ дал за право на Царовска да прави законски измени по нејзин вкус?