Да се намалат платите во јавната или во приватната администрација? Ова беше тема на која дебатираа соговорниците во синоќешниот дебатен магазин „Клик Плус“. Мухамед Зеќири од СДСМ, рече дека е време за солидарност и да му се помогне на приватниот сектор. Како што рече, мерките што ги предложила СДСМ се основани и наишле на поддршка од експерти од областа.
-Треба да имаме предвид дека во приватниот сектор имаме околу 500 илјади вработени. Замислете што би се случило ако приватните компании поради кризата, одлучат да ги отпуштат овие луѓе…-рече Зеќири.
Н: Во време на криза државата зема или дава?
-Ние и земаме, и даваме. Никому не му одземаме. Но, и земаме, и му даваме на приватниот сектор, на оние кои се без работа. Ова е механизмот со кој се справуваме-вели Зеќири.
Елми Азири од Алијанса за Албанците, вели дека предлогот на СДСМ за намалување на платата на сите вработени во јавниот сектор, е избрзан.
-Мислам дека е избрзана мерка, непромислена и мислам дека нема да го даде очекуваниот ефект-изјави Азири.
Арбр Адеми од редовите на ДУИ, вели дека е нерационално да се намалува платата во јавната администрација.
Н: Дали им ветувате дека нема да биде допрена нивната плата во ова кризно време или пак не сте сигурни во ова?
Адеми: Не јас би прашал – дали е рационално да се намалува платата на вработените во јавниот сектор? Лично јас имам милион дилеми, резерви и воопшто не би сакал да дојде до скратување на платите на нивоата за кои беше предложено тоа“
Економскиот експерт, Висар Ганиу, рече дека во оваа криза е многу тешко да се фаворизира јавниот или приватниот сектор.
-Приватниот сектор или јавната администрација, е исто како да кажеш кое е поважно, кокошката или јајцето. Значи, ако им помогнете на административците, тоа ќе треба да се направи на грбот на приватниот сектор. Тие се парите, ние имаме толку пари колку да се помогне целата економија и нормално доколку тоа се прави на грбот на приватниот сектор, тогаш треба да се зачува куповната моќ на вработен во државната администрација-изјави Ганиу.
Мухамед Зекири од СДСМ, рече дека се отворени и дека ги очекуваат и предлозите на другите партии со цел надминување на економската криза. Сѐ уште не е потврдено кога ќе се дискутира за овие предлози во Влада.
