ЈКП Тетово, јануарската плата ја добија во март – Касами бара приватна компанија за управување со отпад

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На вработените во ЈКП Тетово и понатаму им доцнат со плати. Тие сега ги земаат јануарските плати и тоа им е овозможено со помош на Општината која одвои 25 милиони денари. Според градоначалникот на општината Билал Касами, од овие средства најверојатно ќе се исплати и февруарската плата.

„Сега сме во фаза на исплата на надоместоците за вработените со договор на дело во месец јануари и до лимитот што го постави советот. Ќе видиме дали јануари и февруари ќе бидат исплатени. И после тоа компанијата ќе треба да ги сервисира сите исплати на вработени со договор на дело“, вели Биљал Касами.

На 31 март на седница на совет се очекува да биде изгласан физибилити планот и да се избере јавна приватна компанија која ќе стопанисува со отпадот, додека ЈКП Тетово ќе се фокусира само на водоснабдувањето.

„Веќе  се формалните процедури за регистрација на нови фирми, едната како водовод и канализација и другата комерцијална компанија за управување со отпад. За управувањето со отпадот веќе имаме физибилити студија која е веќе подготвена. На седницата на советот на 31 март ќе се разговара, а мислам дека ќе биде одобрено, по што ќе продолжат тендерските постапки и изборот на приватниот оператор кој ќе управува со отпадот во општина Тетово, со што прашањето за отпадот еднаш засекогаш ќе се реши во општина Тетово“.

Според Касами, досега има меѓународни компании од Швајцарија, Англија, но и локални компании кои се заинтересирани за управување со отпадот во Тетово. ЈКП Тетово имаше долг од 9,7 милиони евра, додека на крајот на годината се зголеми на 10,1 милиони евра.