ЈО: Васко Ковачевски во моментов е недостапен, пред 2-3 дена произлегло дека е дел од овој криминал

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Васко Ковачевски, поранешниот директор на ЕСМ вчера беше осомничен за криминал, не е достапен за органите, поради тоа што не е во државата.

Репортерот на ТВ21 е на брифинг во Јавното обвинителство каде што бараме одговори на оваа тема.

„Последно произлезен е Ковачевски во оваа истрага. Ниту во Битола, ниту во Кучево не бил пријавен како учесник за сторител на овој кривично-правен настан. Пред 2-3 дена произлезе дека и тој е дел од овој криминал. Во моментов е недостапен“, рече Ислам Абази.

Абази кажа дека во минатото била отфрлена кривична пријава против Васко Ковачевски.

„Да, точно е сме имале кривична пријава за Васко Ковачевски  и сме донеле одлука за отрфрлање на пријавата. Оштетеното правно лице поднесе жалба и Вишото јавно обвинителство ни го врати со одредени напатствија. Ние пак го отфрливме и сега Вишото јавно обвинителството пак го врати кај нас и сега ќе ги видиме напатствијата, и секако ќе донесеме соодветна одлука“, рече Абази.