Економскиот експерт Бранимир Јовановиќ, вечерва е гости на „КликПлус“ на ТВ21. Се зборува за економските последици кои ќе ги остави коронавирусот.
Тој рече дека ситуацијата во нашата земја, можеби е единствена во регионот и пошироко, да побогатите луѓе плаќаат процентуално многу повеќе даноци од обичниот граѓанин.
„Парите ќе ги побарате од оние кои ги имаат. Не можете да барате пари од сиромашните луѓе, од обичниот човек, ако не сте побарале од побогатите. Ние имаме една таква перверзна ситуација, што дури најплатениот директор, плаќа процентуално многу помалку од обичниот работник“, рече Јовановиќ.
