Јовица Андовски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за здравство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски се повлекува од функцијата од лични причини. Оставката му ја доставил на премиерот Христијан Мицкоски на 9 октомври, а документот е депониран во Собранието.

Андовски во своето обраќање изрази благодарност за довербата, поддршката и соработката во периодот додека ја извршувал функцијата во Владата.

„Ви изразувам искрена благодарност за укажаната доверба, досегашната поддршка и соработката во текот на извршувањето на мојата функција. За мене беше чест и одговорност да бидам дел од Владата и да придонесувам кон унапредувањето на здравствениот систем“, наведува Андовски.

Тој на премиерот и на останатите членови на Владата им посака успех во понатамошната работа и во реализацијата на заложбите за подобрување на здравството и квалитетот на живот на граѓаните.