ЈП Водовод и канализација – Скопје: Водата е безбедна за пиење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Секторот за санитарна контрола во периодот од 10.08.2026 до 14.08.2026 земал 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје, соопштија од Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје.
„Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење“, се вели во соопштението.